„Во текот на изминатата година почнав да истражувам како различни култури пристапуваат кон идејата за загуба со цел да ја сменам мојата лична перспектива. Не сакав да „продолжам понатаму“ или „да одам напред“, бидејќи тоа подразбираше заборавање. Наместо тоа, сакав да создадам начин да ги прославам моите спомени, да ја почитувам убавината на животот и тоа да го преточам во мирис“, вели Бем Горам, основач и креативен директор на компанијата Byredo, за креирањето на парфемот De Los Santos.
Замислен после трансформативен период на загуба, De Los Santos е мирис кој е дизајниран ги разгорува спомените, да го осознае минатото и да го прослави животот. Во чест на традициите на Денот на мртвите и Денот на сите светци, дава почит на трансцендентната моќ на здружување во колективни церемонии и мирисот го претвора во нов ритуал на сеќавање.
De Los Santos е ароматичен облак од мошус прободен од бистрината на жалфија. Раскошот на килибарот и темјанот се заземјени со корен од ирис и мирабел-кајсија. Земјените ноти на цистус цветаат во сува топлина.
Кампањата за Byredo De Los Santos ја фотографира Естеван Ориол, познат по својата инсајдерска перспектива на субкултурите и уличниот на Лос Анџелес, а во серија црно-бели портрети позираат модели со латино латино потекло, кои ја рефлектираат современата реалност на Чикана стилот.
Нема коментари