MY:TIME, компаниjа со долга традиција во продажба, дистрибуциjа и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит на повеќе од 25 светски познати брендови, со возбуда ја најавува Calvin Klein колекцијата за есен-зима 2022 на часовници и накит. За да го лансира брендот и да ја претстави колекцијата во регионот, MY:TIME беше домаќин на настан што се одржа во вторникот, 27 септември, во Ботаника Урбана Кафана, во Скопје.
На овој прекрасен настан бевме поканети за да му посакаме добредојде на брендот пред нашата публика и сите кои со страст сакаат да го истакнат својот карактер преку парче накит или часовник од Calvin Klein.
Колекцијата на висококвалитетни часовници и накит е создадена имајќи го на ум модерниот клиент, со безвременски, минималистички дизајн кој ја истакнува светски препознатливата естетика на Calvin Klein и ја црпи реномираната сензуална ДНК на брендот. Колекцијата вклучува избор на машки и женски часовници со скулпторски, архитектонски форми во метални завршетоци. Покрај часовниците, во колекцијата се издвојуваат и машки нараквици кои интегрираат кожа и метални текстури, како и женски модели на накит со течни, органски форми кои можат да се комбинираат за да се искрира смел и уникатен изглед.
Од колекцијата за есен-зима 2022 издвојуваме:
NEW SHINE: Часовници и накит со сензуални, скулптурни форми. Сите со кристални детали.
SKU 25200149
Грациозен модел, кој се издвојува со минималистичкиот бројчаник во бојата на првиот утрински сончев зрак и префинетата, кристално украсена и нежно извајана рамка.
SKU: 35000214
Скулптурна естетика. Алка со полирани и кристално украсени силуети од камчиња.
NEW STATEMENT: Часовници и накит со препознатливиот Calvin Klein монограм.
SKU 25200163
Икона засекогаш. Со CK лого на бројчаникот и силизирано куќиште кое без никаков напор се интегрира во метален ланец.
SKU 35000101
Модерен кожен изглед. Плетена кожна алка, дополнета со изгравирано CK метално магнетно закопчување.
Колекцијата е достапна сега и го означува првото светско лансирање на Calvin Klein часовници и накит под Movado Group.
Нема коментари