Откако дизајнерот Раф Симонс си замина од позицијата на креативен директор на модната куќа основана од Келвин Клајн и престана за дизајнира за колекциите кои одеа со префиксот 205W39NYC, модниот свет исчекуваше што ќе биде следно со американскиот бренд и кој ќе го наследи Раф. Денеска менаџментот соопшти дека се затвораат канцелариите во Њујорк и Милано, брендот се повлекува од програмата на Њујоршката модна недела и се стопира производството на линијата на луксузна облека што се претставуваше на модни ревии. Во овој момент главен приход на модниот гигант се продажбата на линиите за џинс и долна облека.
Нема коментари