Дизајнерот Раф Симонс го презеде креативното водство на американската модна куќа Келвин Клајн во 2016 година, воведувајќи нова естетика и промени во сите сектори на брендот, што важи и за козметичкиот оддел. Минанатата година имаше нова верзија на познатиот парфем Obsession во Obsessed, а сега Раф одлучи да претстави сосема нова мирисна композиција именувана Calvin Klein Women.
Новиот парфем Women кој ќе биде лансиран кон крајот на летото, е дрвенесто-цветен мирис со додаток на цвет од портокал, свежи ноти на еукалиптус, кедар од Алјаска, како и ноти на лимон, магнолија и јасмин. За промоција на парфемот Симонс заедно со визуелната уметница Ен Кулие подготвија кампања во која се појавуваат актерките Серша Ронан и и Лупита Нионго.
-Кога дојдов во Келвин Клајн внимателно ги проучував парфемите во портфолиото, бидејќи беше важно да ја продолжам приказната за мирисите која е претходно почната од самиот Келвин. Беше јасно дека треба да креираме нов парфме и нoво поглавје како продолжение на приказната – вели Раф Симонс.
Самиот мирис е микс на контрасти, исто како и жените кои ги нарушиле женските традиции и ги инспирирале и актерките Серша и Лупита. Оттаму во кампањата нивните ликови се ставени покрај Кетрин Хепберн, Сиси Спејсек, Ерта Кит, Нина Симон, како славење на иконските жени од неколку генерации, жени кои важат за хероини во современета култура.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари