Манекенката Кара Делевин е потполно гола во новата рекламна кампања на париската модна куќа „Балман“, а на една фотографија e фотографирана заедно со дизајнерот Оливие Рустен во поза која наликуваа на една фотографија на Џенет Џексон.
„Толку многу ја сакам што не сакам да видам облека на неа. Нејзиниот поглед е толку силен и магнетски, што е сам по себе речиси облека“, вели Рустен за Кара која е заштитно лице – и тело – на кампањата за пролет-лето 2019.
За фотографијата на која Рустен ѝ ги крие градите на Кара со своите дланки, дизајнерот вели дека е референца на обвивката на албум на Џенет Џексон од 1993 година, дело на Патрик Демаршелие, една од најиконските фотографии од 90-тите и момент од поп културата кој многу му влијаел во неговото детство.
Фотографијата на Кара и Оливие ја носи и пораката за инклузивност. “Кампањата покажува спој на две бои на кожа, едната е црна – или од мешана раса, другата бела. Позирањето голи ја симболизира автентичноста. Имавме желба да се вратиме на изворите, и сакав да создадам нешто чисто и транспарентно“, изјави Оливие.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари