Британската модна куќа „Барбери под водство на новиот креативен директор Рикардо Тиши го претставува новиот парфем Burberry Her за кој заштитно лице е Кара Делевиљ. Манекенката и актерка се шета низ Лондон во рекламната кампања снимена со фотографот Јурген Телер. Новиот парфем е со своите мирисни ноти да го долови младешкиот дух на Лондон, креативноста и еклектичноста на метрополата, авантуристичкиот и храбар дух на лондончанките. Во промотивното видео Кара зборува за својата љубов кон Лондон пеејќи ја „Maybe it’s Because I’m a Londoner.
Нема коментари