Оскаровката Кејт Бланшет е лицето од насловната страница на декемврискиот број на W Magazine, на која носи црна креација со скулптурална форма од Емпорио Армани и има бледа шминка. Фотографијата од насловната е дел од авангардната фотосесија на визуелниот мајстор Тим Вокер за која инспирација беше приказната за малиот принц на Антоан де Сен Егзипери. Актерката која што во моментов го промовира својот филм „Керол“, во фотосесијата носи театарски костими и модели од „Ком де гарсон“, Гарет Пју, Александар Ванг, Стела Макартни и „Шанел“. Стајлингот е на Џејкоб К.
Нема коментари