Актерката Кејт Бланшет ја најавува пролетната мода со оваа пастелна комбинација од светлосин костим и светложолта кошула со долги панделки. Во оваа елегантна облека се појави на ревијата на дизајнерката Роксанда Илинчиќ на Лондонската модна недела, а во првиот ред се дружеше со Ванеса Редгрејв и нејзината ќерка Џоели Ричардсон, како и со актерот Били Портер и познатата костимографка Сенди Пауел.
Нема коментари