Графичкиот дизајнер Горан Костовски – ind.o.g со својата DIY етикетата 10-та сезона нè потсетува на вечната младост и духот на прогресот и безгрижноста. Под називот Celebrate Life – Eternal youth ја промовира новата колекција дуксери за зима 2017/18, кои се инпирирани од еден вртлог на повеќе сензации.
-Основната инспирација е од албумот на Frank Ocean – Channel Orange, чија пак главна инспирација е летото и периодите кога тој прв пат бил вљубен. Затоа и ја избрав портокаловата боја, која потсетува на летото и убавите спомени од него. Истовремено, големо влијание колекцијата има и од американскиот хард кор панк бенд Youth of today кои се клучни во Youth crew субкултурата, особено заради позитивните вредности и моралот за која таа се залагала. Младоста сама по себе е секогаш позитивна и присутна во сите Celebrate Life производи. Колекцијата за зима 2017/18 инспирира и потсетува на духот на 80-тите кога Youth of today започнува да свири. Секако, атмосферата не може да се долови целосно но, затоа локацијата на Стоковната куќа Мост (објект од суштинско значење) која што била активна тој период не навраќа кон тоа време и духот на Старата Скопска чаршија која што секогаш била симбол на мултикултурата во градот Скопје. Субкултурата којашто секогаш била присутна, па дури и во исчезнување, е вечна инспирација за секоја нова сезона на Celebrate Life - вели Костовски.
Оваа сезона, за втор пат се појавува и текст на кирилица што е многу голема реткост на унисекс облеката.
Фотосесијата е дело на младата Јана Тодоровска, а во нејзе се појавуваат Кирил и Ивана во уметничка дирекција на ind.o.g и постпродукција на Марко Монс. Лимитираната серија овој пат има и сито графика принт, потоа мултиплициран на фотокопир технологија присутна во 80-тите која што е во исчезнување и веројатно помладата публика никогаш не го сретнала овој медиум.
Eternal youth
Make it happen
We’re starting a new way
People In the world today
Youth of today!!!
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари