Графичкиот дизајнер Горан Костовски – IndOg го претставува едиторијалот за новата колекција под својот бенд Celebrate Life, наречена Make it happen за лето 2018. Станува збор за негова 11-та сезонска линија со која одбележува осумгодишен јубилеј на својата DIY унисекс етикета.
-Тоа е мотивирачки подвиг на самите нас да не се откажуваме од работите кои што ги сакаме без разлика колку и да се тешки и нема услови да се случат/реализираат. Субкултурата којашто секогаш била присутна па дури и во исчезнување, е вечна инспирација за секоја нова сезона на Celebrate Life- вели Костовски.
Фотосесијата е дело на Марко Монс со кој што IndOg соработува последните години, а во нејзе се појавуваат Диџејот Soul Case и Александра во уметничка дирекција на IndOg и постпродукција на Марко Монс. Јубилејната лимитирана серија е во 40 парчиња и oversized маицата е спакувана во торба дизајнирана специјално за осумгодишнината.
Some people want it to happen, some wish it would happen, others make it happen. Make it…Celebrate life!
Нема коментари