Се чини една од првите работи што модните креатори ќе добијат нов ангажман во некоја модна куќа е да го сменат логото. Ова е случајот и со Еди Слиман, новиот креативен, уметнички и имиџ директор на париската модна куќа Céline, кој направи мала и префинета измена. Новото лого е претставено викендов и веднаш се забележува дека É недостасува.
-Модернистичката типографија употребена во новото лого датира од 30-тите. Апострофот на Е е отстранет за да се овозможи поедноставен и избалансиран сооднос, и се повикувајќи се на колекциите Celinе од 60-тите, кога не се користеше апсотрофот на Е толку често. Растојанието помеѓу буквите е урамнотежено и сега тие се подоближани. Верзијата на логото од 60-тите, вклучувајќи го и зборот Париз, ќе биде вратена на облеката и на пакувањето, но Париз нема да се појави под логото во рекламните кампањи – стои во соопштението.
Слиман кога во 2012 година беше назначен за нов креативен директор на Yves Saint Laurent предизвика контроверза кога го отфрли Yves од митското лого на модната куќа основана од Ив Сен Лоран. Во очекување на ревијата за првата колекција на Еди за Celine, пред неколку дена е претставен е деби дизајнот – модел чанта кој се најде во рацете на Лејди Гага. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари