Модните награди на Советот на американски модни дизајнери (CFDA) важат за најпрестижните во американската мода, овогодинешните се одржаа вчеравечер во Бруклин музејот во Њујорк. Годинава главната наград за најдобар дизајнер на женска облека ја понесе Раф Симонс, креативниот директор на Келвин Клајн. Доделувањето на наградите кои се сметаат за моден Оскар го привлече вниманието на голем број на модни креатори, манекенки, познати актерки и луѓето од модата.
Нарцисо Родригез оваа година ја пoснесе наградата за животно дело која што го носи името Џефри Бин. Донатела Версаче ја доби наградата за најдобар интернационален дизајнер, а Наоми Кембел е прогласена за модна икона. За разни допринеси во модата наградени се Ралф Лорен, Дајан вон Фурстенберг и Каролина Херера. Сандра Лак од Sies Marjan ја доби наградата на Swarovski за нов талент, сестрите Олсен од брендот The Row имаат најдобри модни додатоци, а брендот Supreme најдобра машка колекција. Ким Кардашијан е прогласена за најуспешен инфлуенсер, што уште еднаш ја отвори темата за релевантноста на инфлуенсерите и колку ликовите кои важат за инфлуенсери ја отсликваат модната реалност.
Нема коментари