Модната куќа „Живанши“ ја откри кампањата за пролет-лето 2020, главни ликови се актерката Шарлот Ремплинг и модниот дизајнер Марк Џејкобс, како референца за иконска двојка. Тие се појавуваат на црно-белите фотографии на Крег Мекдин, како и во видеото во кое Шарлот му држи часови по глума на Марк. Дизајнерот во врска со кампањата на својот Инстаграм профил пиша „Сега знам дека сум успеал во животот, јас сум модел на Клер Вејт Келер и „Живанши““.
Нема коментари