Како соработничка на британското издание на Vogue и авторка на вториот документарен серијал за магазинот наречен „Иднината на модата“ (Future of Fashion), познатата водителка и модна икона Алекса Чанг ве кани на отворен чет во сабота, 19 март. Чанг најавува стриминг во живо на Јутјуб каналот на британски Vogue, каде што ќе може да ѝ поставувате прашања за разни аспекти од модата. „Во модата сум од 15 години. Може да ме прашате сè, можеби за тоа како технологијата или самодржливоста ќе влијаат на иднината на модата“, вели Алекса во најавното видео во кое има информации како да се вклучите во дискусијата.
Нема коментари