Модните списанија и брендевите најавуваат враќање на кадифето на облеката и кај модните додатоци, а веќе најдовме едни кадифени обувки кои имаат тенденција да ни станат омилени – елегенантни чевли со средни дамски потпетици и со голема панделка во предниот дел. Моделот чевли е дел од колекцијата на италијанскиот бренд Max Mara Weekend, го има во две бои, а нам ни се допаѓаат овие во темноцрвена боја. И еве една комбинација како идеја – чевлите со панделка во спој со фармерки, трендовска кошула на риги и мала клач чанта во ретро стил. Многу шик!
Нема коментари