Париската модна куќа Chloé во соработка со најпознатата и најлуксузна модна интернет продавница Net-a-Porter ја осмисли капсулната колекција High Summer која што ја карактеризира бохо-стил и романтична естетика препознатливи за францускиот бренд. Посебен акцент е ставен на инспирацијата – опуштениот и гламурозен стил на Ибица во 70-тите години од минатиот век.
Колекцијата од 26 парчиња го отсликува лесниот, боемски стил кој е совршен за летниот период – лелеави долги фустани, бела боја и шари, чанти и детали во златна боја, предимензионирани очила за сонце во ретро стил. Се извдојуваат белиот лелеав фустан од шифон и фустанот со цветен дезен со металик ефект, а целата колекција многу модерна и софистицирана иако реферира на ретро мода.
Во кампањата се појавува манекенката Џулија Стегнер, а на Net-a-Porter може да ги видите сите парчиња од колекцијата. Ова е петта заедничка соработка на Chloé и Net-a-Porter.
Нема коментари