Супермоделот Синди Крафорд ја промовира пролетната колекција на Reserved, полски моден бренд кој успешно се пробива на светската сцена, и позира за кампањата наречена I love You Cindy. Иако на модната писта на последните модни недели царуваше нејзината ќерка Каја Гербер, и мајката Синди одлучи повторно да се појави во улога на манекенка.
Покрај принт кампањата за пролет-лето 2018, Reserved со Синди сними и видео кое нè води во 80-тите години, декадата во која таа стана славна, а во кое носи пастелни креации, женски костими, јакни во спортски стил од колекцијата на брендот. Во видео сторијата на покрај Синди се појавуваат и Ерик Робертс, Триш Грејвс и Декри Монтгомери од серијата Stranger Things.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари