• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Култура 0

Клаудио Губитози: На „Џифони“ не е важно од каде сте, туку што сакате да бидете

Од stylist @StylistMKD · На септември 29, 2020

???????????????????????????????

Имав 17 години кога почнав да размислував што сакам да правам, на 18 почнав да ставам сѐ на едно место, а на 19 години веќе го организирав првото издание на „Џифони Италија“. Кога имате 17 години, имате огромни очекувања и честопати очекувањата ги надминуваат сите логики. Од почетокот бев поврзан со идејата за фестивал за деца и да, многу сум горд на тоа што го создадов, но секогаш сум по малку незадоволен, бидејќи секогаш може да се направи повеќе. Имаме 50 години искуство, но живееме во сегашноста и мораме да размислуваме за иднината – вака Клаудио Губитози, извршен директор и основач на Џифони филм фестивал го започна своето предавање со џифонците од Македонија. Тој се осврна на 50-те години посветеност кон доближување на вистински вредности на децата, преку филмската уметност.

Македонските џифонци покажаа голем интерес да му постават прашање на Губитози, кој покажа голема почит кон секој од нив. На прашањето зошто е важен „Џифони“, тој вели:

-На „Џифони“ имате слобода да бидете она што сте. Доаѓаат деца од 55 земји од целиот свет, но на беџовите не пишува од која националност се децата, туку само името, бидејќи не ве прашуваме од каде доаѓате, туку што сакате да бидете. Децата доаѓаат на Џифони бидејќи тука можат слободно да ги изразат своите мислења, да бидат слушнати, да израснат и да ги развијат своите емоции. Тука се зборува и се размислува на многу теми од животот, не можеме сите да ги наброиме, но сите тие ве поттикнуваат да размислувате.

Има деца што велат дека биле многу срамежливи кога дошле прв пат, па им било срам да зборуваат, но по првите јавни настапи тоа се менува. Џифони е место каде што се раѓа мислата, место каде што можете подобро да ги осознете, или да ги препознаете вашиот идентитет и вашата личност – вели Губитози.

gubitosi2

На прашањето дали се плаши дали сѐ ќе биде во ред додека трае фестивалот, а и дури се организира, Губитози одговори:

Секогаш ми е страв. Никогаш не се случило да не ми е страв. И по многу години, јас сум секогаш исплашен и пред, и за време, и по завршениот настан, зашто носам голема одговорност. Но, стравот нѐ движи напред. Држам предавања и на факултети и секогаш се подготвувам за тоа. „Џифони“ се роди од една интуиција, која ете, случајно, ми се појави токму мене. Ја почувствував и решив да ја следам и оттогаш не сум ја напуштил. Треба да ги препознаете добрите идеи: идејата може да се појави, да стои во вас неколку дена, или неколку месеци, а потоа да ве напушти. Ако интуицијата ви вели дека идејата е добра, не чекајте, почнете да работите на нејзино остварување и со тек на време таа ќе ја добие својата форма – рече Губитози.

haker - poster

Вчера се одржа и дискусија на тема женски права, откако беше прикажана епизода од француската серија „Бестрашни“.

Данскиот филм „Хакер“ во режија на Пол Берг, синхронизиран на македонски јазик ќе биде премиерно прикажан вечерва во 19 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката. Гласовите ги позајмуваат: Стефонатор, Гораст Цветковски, Кристина Христова-Николова, а за синхронизацијата се погрижи „Катавеј“ од Скопје. Во 18 часот, на дигиталната платформа youth.mk и на фејсбук-страницата на фестивалот, обожавателите на јутјуберот Стефонатор ќе можат да се дружат со него на работилницата што се организира по повод премиерата на филмот „Хакер“, во кој познатиот јутјубер го позајмува гласот на главниот лик.

На дискусијата во 16 часот, Кадетите ќе имаат можност да поразговараат со Лаура Жоу, режисер на филмот „Животот без Сара Амат“.
Учесниците на „Џифони Македонија“ денеска во 17 часот преку платформата youth.mk ќе можат да се сретнат со Ана Андонова, авторка на краткиот филм „Малечка“.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 (14) Култура

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

  • Госпоѓа Бовари 3 (2) Култура

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

  • 1 Култура

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics