Заборавете на музиката, Коачела се претвори во нешто што е повеќе од музички фестивал и се добива впечаток дека се сведува на настан во знакот на фестивалската мода и на модните забави кои се одржуваат паралелно со концертите. Помина првиот викенд на Коачела и покрај настапите на „Рејдиохед“ и Лејди Гага, се одржаа повеќе презентации и забави на модните брендови H&M, Revolve, „Викторија сикрет“, Levi`s, „Москино“, Рејчел Зое, потоа на списанијата Nylon, Paper, на кои прошетаа познатите личности, блогерките и манекенките во својата верзија на фестивалска мода.
Манекенките на забавата на „Викторија сикрет“
Фрида Пинто на презентацијата на H&M, модниот бренд кој во соработка со музичкиот фестивал креира специјална колекција
Кети Пери во друштво на дизајнерот Џереми Скот на забавата на „Москино“
Шанел Иман, Рејчел Зои и Кејт Босворт
Блогерките Џули Саринана и Ејми Сонг на забавата на Revolve
На Коачела се забавуваше и актерката Хејли Сајнфелд
Познатата модна блогерка Кјара Ферањи
Никол Ричи и Кендал Џенер се забавуваа кај Revolve
Фрида Пинта на забава на отворено
Во шаторот на H&M
Џинс мода кај Levi’s
Манекенката Ешли Греам
Супермоделот Коко Роча кај „Москино“
Нема коментари