Нов месец, новo изненадување.
Откако креативната приказна под брендот Тиноски стана препознатлива по персонализираните шолји за кафе, се наметна и идејата овој омилен ритуал да биде пренесен и како моден акцесоар. Тиноски воведува препознатлив модел на обетки во формана шолја кафе рачно изработени од дрво со уникатен дизајн.
Првите модели се веќе достапни за најголемите љубителки на кафе. Ова е нов момент во приказната која ќе се раскажува и под #coffeeisthenewfashion.
-Идејата за накит беше одамна, но бидејќи сè во приказната на Tиноски се случува тогаш кога треба, обетките како кафе шолји се реализираат сега. Ова е само почеток на целата идеја која потврдува дека кафето е најомилениот ритуал на многумина и истото е вечна инспирација – вели Валентин Петрески, креативец во Тиноски.
Нема коментари