Одржлива мода (sustainable fashion) е збор кој се почесто го слушаме. Stella McCartney, Gucci, Saint Laurent, Adidas ги трансформираат своите линии преку парчиња од одржлива мода, а и со начинот на кој управуваат со бизнисите. Но што е всушност одржлива мода? Ова најдобро може да го одговориме преку пример: “Дали знаете дека за производство на една маица се трошат 2700 литри вода? Што ако можеме да произведуваме облека и да ја заштитиме планетата земја?“ Токму тоа е сржта на курсот за одржлива мода, кој за првпат во Македонија го организира Creative Hub.
Курсот е поделен на 6 модули, а во фонд од 36 часа учесниците ќе имаат можност и да изработат уникатни модни парчиња кои се подеднакво естетски, етички но и економски вредни. Курсот го држи Виктор Стојкоски кој студирал, работел и живеел во Шведска и Данска, и долго време работи одржлива мода. Тој ќе го пренесе своето искуството, но и мотивацијата за овој концепт за кој допрва ќе слушаме.
На курсот ќе се обработуваат 6 модули меѓу кои и:
- Животниот циклус на облеката
- Zero waste design
- Обновлив моден дизајн
- Реконструкција и концептуална мода
- Концептот на одржливост во областа на сировите материјали
- Вовед во развојни технологии за рециклирање.
Сите заинтересирани можат да се пријават на 071 214 849 или пак да се информираат на https://www.creativehub.mk/future-of-fashion-course/.
Нема коментари