Меѓу многубројните заблуди кои сè уште ги окупираат модните познавачи е онаа дали да ги комбинираме двете бои, за кои повозрасните што ги следат старовремските правила на облекување, ќе ви речат дека НИКАКО не смеете да ги носите заедно. Станува зборот за спојот на црна и тегет. Да, црната боја оди со сè. Ама не и со темносината?! Но, кој и да ви каже дека оваа комбинација е погрешна, ќе го побиеме со примерите подолу. Да, има некоја неодолива привлечност во спојот на црнатаи тегетот, а особено ни се допаѓаат комбинациите со индиго сината нијанса. Овој микс ќе им се допадне на жените што преферираат да носат облека со потемни бои во сите сезони, како и на вработените жени кои како Викторија Бекам без проблем ќе облечат тегет панталони ицрна блуза.
Нема коментари