Можеби звучи чудно, изгледа невообичаено црно за лимонада, се сомневате во вкусот, ама овој напиток поради состојките е доста здрав и освежувачки, и во последно време е хит меѓу блогерките и на Инстаграм.
Главната состојка поради која лимонадата е црна е активниот јаглен, а кога ќе се спои со витаминот Ц од лимонот, се добива лимонада која го чисти организмот од отрови, ја намалува подуеноста во стомакот и го намалува нивото на холестерол. Значи идеален напиток за пролетна детоксикација на организмот.
Еве како се подготвува:
Потребни се:
Сок од 2 лимони
4 чаши вода
1 таблета медицински активен јаглен
2 лажици мед или некој друг природен засладувач (агаве)
Состојките се ставаат во блендер и се мешаат половина минута. Се служи со неколку кришки лимон. Може да додадат и неколку ливчиња свежо нане што дополнително помага во варењето на храната.
Освен што го прочистува организмот, црната лимонада го намалува стресот и овозможува повеќе енергија и бистар ум. Професионалците велат дека активниот јаглен треба уште многу да се истражува, но досега се знае дека добро се справува со холестеролот и со mycotoxins (токсините во мувлата).
Препорачливо е да се консултирате со лекар доколку решите да го користите овој напиток, особено доколку примате некоја терапија, бидејќи поради ефикасноста на јагленот, може да се намали дејството на лековите (најдобро е да направите пауза од 2 часа меѓу пиењето на лекот и на лимонадата). Активниот јаглен исто така може да ги „упие“ витамините од храната, па нема потреба да пиете смуди со зеленчук и со јаглен во него, или да ја пиете црна лимонада заедно со салата. Пиењето на напитокот во мали количини не штети, но сепак, како и при секој нов тренд, препорачливо е да се консултирате со професионалец.
Нема коментари