Џенифер Лопез, Кара Делевин, Парис Хилтон, Тараџи П. Хенсон, Биби Рекса и Дуа Липа беа некои од ѕвездите што избраа сребрени и светкави креации на вчерашното доделување на Американските музички награди. Светкавите ткаенини често ги поврзуваме со новогодишен свечен изглед, ама овие ѕвезди не ги чекаа празниците за да облечат сребрени креации на црвениот килим на настанот.
Славната Џенифер Лопез избра сребрена креација на Балман во стилот на 80-тите, манекенката Кара Делевин сребрен костим на Долче и Габана, а актерката Тараџи П. Хансон се одлучи на светкаб фустан на Армани. Биби Рекса носеше провокативен модел на Џулијан Мекдоналд, Дуа Липа се појави во краток фустан на Версачи со светкави детали, а мини носеше и Парис Хилтон.
Нема коментари