Првиот понеделник во месец мај резервиран е за гала настанот во Музејот на современа уметност Метрополитен во Њујорк – Мет Гала, како најважен моден настан во годината. А оваа година темата на свечениот настан и на модната изложба е „Карл Лагерфелд: Линија на убавина“, посвета на познатиот моден дизајнер кој освен за својот бренд, рабоше за славни модни куќи, назначајни се децениите поминати во Шанел. На црвениот килим на вчерашната Мет Гала доминираа црно-бели комбинации, токму како омаж на Лагерфелд, како и креации од твид, со многу бисери и цветни и апликации кои алудираат на камелијата, заштитниот цвет на Шанел. Бројни славни лица се појавија облечени во креации од разни колекции на Шанел, или во модели од други брендови специјално креирани да ги содржат кодовите на дизајнерската работа на Лагерфелд. Впечатлив беше Џаред Лето кој на настанот дојде во костим и маска на мачката на Карл, Шупет, а како мачка благодарение на простетиката на лицето се појави и Доџа Кет.
Нема коментари