Која ѕвезда е најубаво облечена, а која најлошо? Каков тренд доминира, чиј дизајн е најдобар?… Ова се прашањата што традиционално се поставуваат на оскаровското утро. Иако вчеравечер шоуто го украде скандалот при погрешното прогласување на „Ла, Ла, Ленд“ за победник , наместо „Месечевата светлина“ за најдобар филм, сепак тоа не го засени интересот за најгледаното модно шоу во светот-црвениот килим на „Оскар“.
На пристигнувањето на 89-то издание на престижните филмски награди во Лос Анџелес можеа да се погледат раскошни креации, суптилна елеганција, многу светки, освежувања во кроевите, малку носталгија , но и поинакви модни идеи, кои донесоа нов холивудски сјај на црвениот килим. Годинава вледееа златните креации , отмени бели модели со интересна структура, црни драматични фустани, црвена боја, креации со блескави додатоци, реси, пердуви, везови, цветни принтови, како и тантела, трансапрени креации и модели со длабоки деколтеа и шлицови.

Никол Кидман, Ема Стоун, Џесила Биел и Дакото Џонсон во златен сјај
Сите очи беа вперени во добитничката на „Оскар“ за најдобра женска улога: Ема Стоун-која носеше златен фустан со реси од Givenchy Haute Couture by Riccardo Tisci. Како оскаровска статуетка во тесен фустан во златна боја беше Џесика Биел, која носеше модел од Kaufmanfranco. Златен фустан од колекцијата есен-зима 2017 на Gucci носеше Дакота Џонсон, која многумина ја вбројаа во најлошо облечените. Никол Кидман носеше кремасто-розова креација со везови и латна мониста од Armani Privé. Металик трендот го следеа Шарлиз Терон (во Dior) и Хали Бери (во Atelier Versace) кои носеа креации со сребрени елементи.

Драма и елеганција во црно- Кирстен Дантс, Алисија Викандер, Бри Ларсон и Тараџи П. Хенсон
Во црно беа ланските добитнички на „Оскар“: Бри Ларсон, која носеше модел од кадифе разигран со карнер на средина од Oscar de la Renta и Алисија Викандер, со креацијд од тантела од Louis Vuitton. Црно бешеизборот и на Кирстен Дантс која носеше раскошен фустан од Dior, Џанел Моне, во уникатен дизајн од Elie Saab , Тараџи П. Хенсон, во елегатен модел од Алберта Ферети, Селма Хаеик во фустан со тантела од Alexander McQueen, Лора Дерн во светкава тоалета од Rodarte.

Најубаво облечените беа во бело: Криси Тејген, Хејли Стајнфилд, Карли Клос и Пријанка Чопра
Меѓу најубаво облечените беа дамите во бело: Пријанка Чопра во Ralph & Russo , Карли Клос со креација со наметка од Stella McCartney, Оливија Капло во романтичен модел од Marchesa, Хејли Стајнфилд во модел од Ralph & Russo, Наоми Харис во Calvin Klein, Криси тејген во модел со сребрени додатоци од Zuhair Murad. Мишел Вилијамс и Ема Робертс носеа фустани со горен црн и долен бел дел, првата од Louis Vuitton, а втората Armani Privé.

Ема Робертс, Оливија Капло, Мишел Вилијамс и Наоми Харис
Интензивната црвена беше една од боите што владееа на црвениот килим. За нејзе се одлучиле добитничата на „Оскар“ за споредна женска улога-Вајола Дејвис која се појави во Armani Privé , номинираната Рут Нега во Valentino, актерката Гинифер Гудвион во Zuhair Murad и Сара Берелес во модел од Romona Keveža. Голем дел од ѕвезите носеа сина панделка во знак на солидарност со ACLU (Американски унија за граѓански слободи), која се бори против забраната на претседателот Трамп за емиграција на Муслиманите во САД, меѓу другото.

Црвена доминација: Гинифер Гудвион , Рут Нега, Вајола Дејвис и Сара Берелес
Нема коментари