Нова модна ѕвезда се појави на Инстаграм и претендира да го преземе приматот на стилските инфлуенсерки?! Актерката Дајан Китон одамна е модна икона, уште од времето на “Ени Хол“, преку последниве години кога стана царица за носење на костими со панталони и шапка скоро во секоја пригода, до перидов кој ѝ е во знакот на правење селфи пред огледало, испробување комбинации, постирање на Инстаграм. А нејзиниот Инстаграм профил е многу кул – таа неодна почна да објавува аутфити на денот во кои и понатаму доминираат костимите и шапките, широките ремени и накитот со крстови. Дајан се занимава и со модни дилеми. На една модна фотографија на манекенка која што носи шапка со широк обод, Дајан прашува како тоа можеме „да носиме толку широка шапка без да ни пречи да гледаме пред себе и дали да си купи една таква“. Актерката Гвинет Палтроу ѝ одговара “Ти си оригиналната дама до шапка, можеш да носиш што сакаш и после ние само ќе те копираме“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари