Нивните родители царуваат во светот на модата, филмот, музиката и на забавата во последните децении, време е децата да блеснат. Синовите на Џуд Ло, Даниел Деј-Луис, Синди Крафорд и на Памела Андерсон се дел од моделите во новата рекламна кампања на Долче и Габана што деновиве се снимаше на улиците на Капри, Италија. Раферти Ло, Габриел Деј-Луис, Присли Гербер и Брендот Ли, се дел од милениумските деца на кои им се придружија Камерон Далас, Лука Сабат, и манекенките Тајлен Блондо и Соња Бен Амар за кампањата наречена #DGMillennials, а се однесува на машката колекција за пролет-лето 2017.
Нема коментари