Шведскиот бренд H&M ги повика долгогодишното заштитно лице Дејвид Бекам и комичарот Кевин Харт за да ја промовираат линијата Modern Essentials и резултат е урнебесно видео во траење од седум минути. Концептот е едноставен и пресмешен – Харт, кој сега се појавува од шоуто Daily Show со новиот водител Тревор Ноа, сака да го глуми Бекам во биографскиот филм „Јас, Бекам“, и бара да помине неколку дена со познатиот фудбалер за да се подготви за улогата. Кевин го следи Дејвид како да му е сенка, во еден момент му се пика и во кревет. Видеото е смешно и во исто време маркетиншки успешно, затоа што во секоја сцена Харт и Бекам носат потполно иста комбинација од линијата H&M Modern Essentials за есен-зима 2015/16. Двете ѕвезди се сосема различни и неусогласенi скоро во секој поглед, но идејата дека може да се усогласат во однос на облеката е одлична.
Нема коментари