Ако го прашате Дејвид Бекам која е комбинацијата во која сака постојано да ја гледа Викторија, тоа не е некоја ултра модерна, трендовска и премногу стилизирана комбинација за на црвен килим, туку повеќе преферира кога жена му носи лежерна облека. Во изјава за Yahoo, славниот фудбалер откри дека сака да ја види својата сопруга додерана и гламурозна, но најомилена комбинација на сите времиња му е кога е лежерно облечена.
-Всушност најмногу ми се допаѓа кога носи фармерки и патики. Понекогаш ги носи патики Converse Бруклин. Но мојот фаворит е кога таа носи фармерки и пар Stan Smith. Тогаш изгледа многу кул – вели Дејвид и открива дека омилени патики за Викторија се моделот Stan Smith од „Адидас“.
Викторија која не излегуваше од високи потпетици, периодов често може да се забележи во патики или ниски чевли, нешто што беше порано незамисливо, а и во однос на облеката, сега изгледа посмирено и поелегантно.
Нема коментари