Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Р. Македонија веќе 12 години едуцира дизајнери од областа на графичкиот дизајн, модниот дизајн и дизајнот на ентериер
Дванаесеттата по ред годишна изложба на студентите од Факултетот за арт и дизајн ќе се отвори на 5 јуни 2018 (вторник), во 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје. Овој пат изложбата ќе ги претстави најделикатесните дизајн решенија кои произлегоа од креативните работни активности во изминатата академска 2017/18 година.
-Оваа година успешно се реализираа предвидените наставни активности, збогатени со значаен број проекти, работилници, изложби, модни ревии, посети на музеи и галерии, награди, како и дружење со докажани гости – уметници. Учествувавме на Модниот викенд Скопје со модната ревија „TEXT ME”; учествувавме во Inno4edu образовниот камп во НУБ; соработувавме со Францускиот културен центар во Скопје каде изложуваме студентски дела; се претставивме на фестивалот Скопје Креатива и на Младинскиот пролетен салон; бевме дел од работилницата и изложбата „Дигитален фолклор“; освоивме две награди: национално призание за успешно спроведена општествено одговорна практика во 2017 година за проектот „Природата нè повикува“ и награда за студентско дело на Младинскиот пролетен салон; потпишавме нови договори за соработка во рамки на програмата Еразмус+… бевме вредни и многу креативни! Затоа, ве покануваме заедно да ги разгледаме креативните „деликатеси“ на студентите од првиот и вториот циклус на студии, и да ги „вкусиме“ свежите идеи и идеали за дизајнирање на подобар свет за живеење – стои во соопштението.
Нема коментари