Со широко отворени врати и многу подготвени изненадувања, дизајнерката Ирина Тошева ги поканува сите оние кои сакаат одблизу да ја разгледаат новата колекција, модно да се советуваат, да пробаат и купуваат со поволности. Оваа сабота (18 ноември) од 12 до 19 часот во ателјето на Тошева кое се наоѓа на Кеј 13ти Ноември 20/21 во зградата над Irish Pub, ќе се одржи Ден за мода. Колекцијата за есен-зима 2017/18 ја промовира на 25 октомври со перформанс во Telekom Innovation Center, за време на Моден викенд – Скопје. После 11 континуирани модни ревии таа одлучи новата линија да ја претстави на поинаков начин – со мултимедијална промоција. Инспирирана од емоциите, топлината, страста и конежот на стиховите од циклусот песни за Дениција од Петре М. Андреевски, Тошева претстави десет нови модели меѓу кои и неколку со впечатливи принтови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари