Лондон, 16 март, 1992 година… Тој ден Александар Меквин, студент на Сент Мартинс, ја прикажува дипломската колекција насловена „Џек Мевосек ги демне своите жртви“. Ревијата предизвикува внимание на една личност во публиката – Изабела Блоу. Младата жена, во тоа време моден асистент на Мајкл Робертс (Tatler, The Sunday Times), толку многу се вљубува во креациите на Меквин, што ја купува целата колекција за 5.000 фунти. Секој месец на младиот дизајнер му исплаќа одредена сума за колекцијата, станува на некој начин негов неофицијален патрон и му помага да добие публицитет. И не престанува да го открива неговиот возбудлив креативен универзум. Блоу ќе стане негова муза, а тој ѝ посветува неколку колекции, вклучувајќи ги „Вдовиците од Калоден“ од 2006 година и „Сината дама“ од 2008 година.
Оваа ревија на Меквин е почетокот на нивното неверојатно партнерство. До крајот на своите животи ќе останат блиски пријатели и соработници, кои и двајцата трагично ги завршуваат. Изабела изврши самоубиство во 2007, Александар си го одзеде животот во 2010 година. Денес и двајцата се сметаат за легенди, а зад себе оставија огромно модно наследство.
Нема коментари