Убавата Сомалијка Иман (62) во средината на 70-тите години од минатиот век, после неколку деби фотографии направен со Питер Берд во Кенија, доаѓа во Њујорк и првата важна фотосесија ја прави за американски Vogue. Следи долгогодшна успешна кариера и статус на супермодел, но и безброј ангажмани за Vogue US. Иман деновиве поворно се сретна со тимот на Vogue и во септемврискиот број се потсетува на омилените фотосесии направени за магазинот, меѓудругото и едиторијали со нејзиниот сопруг, легендарниот музичар Дејви Боуви, кој во јануари минатата година.
Некои од омилените сесии на Иман се однесуваат на првите манекенски денови, потоа едиторијалот направен по повод нејзиното пензинирање како модел, црно-белата фотографија на која е гола, и како што открива, бремена со ќерката Александрија, а посебно драга ѝ е и фотосесијата со колешката манекенка Варис Дири, која исто така е позната како гласноговорничка против женското обрежување во некои африкански држави. Секако, тука се и омилените фотографии направени со Боуви.
Првиот ангажман за Vogue, октомври, 1976, фотографија на Артур Елгорт
Кога 1989 година го објави нејзиното пензионирање од манекенството, ја направи оваа „проштална” фотоесија со Хелмут Њутн
Дејвид Боуви и Иман во 1994 година пред објективот на Ирвинг Пен
Иман и Варис Дири, уште една светски позната манекенка од Сомалија, фотографирани во 1998 година од страна на Ејми Лејбовиц, период кога Варис ја почнува камањата против женско обрежување
Иман на 44-годишна возраст и трети месец бремена со Александрија му позира на Херб Ритс во 2000 година
Скриен бакнеж на Иман и Боуви, фотосесија направена со Јужна Африка со Брус Бебер (јуни, 1995)
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари