Крајно време беше, нели?
„Ѓаволот носи Прада“ е романот и подоцна и филм кои имаат посебно место во срцата на сите жени и мажи кои работат во модата и се разбира, кај секој што цени добра приказна, драмичност и многу мода. За среќа, Лорен Вајсбергер, авторката зад романот „Ѓаволот носи Прада“, пишува роман кој ја следи приказната и овој пат хероината е Емили Чарлтон (Емили Блант во филмот), првата асистентка на Миранда Присли, ака Ана Винтур, ака Мерил Стрип во филмот.
Продолжението е наречено When Life Gives You Lululemons (игра на зборови со името на брендот Lululemon и со американската фраза When Life Gives You Lemons), се однесува на Емили во денешно време и ја следи нејзината кариера како имиџ консултант на познати личности, живее во Гринич, Конектикат и е мажена за Мајлс.
Книгата ќе биде објавена во јуни 2018 година, но Entertainment Weekly има извадок од првата глава и изгледа ветувачки. Во првата глава читаме како Емили е во куќата на манекенката Џиџи Хадид на новогодишна забава и треба да го спаси имиџот на тинејџерската ѕвезда Рицо, кој се смета за идниот Џастин Бибер. Се разбира, додека не излезат книгата и критиките, не може да стане збор за снимање на нов филм. Иако многу вљубенички во модата баш би сакале да гледаат продолжение со Емили, за многумина омилениот лик во „Ѓаволот носи Прада“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари