Водата со краставица, ѓумбир, лимон и нане е хит во последно време, а нутриционистката Синтија Сас која го смисли овој напиток тврди дека е диетален и дека гарантира губење на 3 килограми веќе после 4 дена редовно конзумирање и намалување на обемот околу половината. Бидејќи се подготвува од здрави состојки, не постои опасност од конзумирање, па мотивот не мора да биде тоа што ги топи масните наслаги и помага при слабеење, туку тоа што е освежителен напиток и помага при сите телесни функции. Како да ја подготвите оваа таканаречена Sassy вода?
Потребни ви се 8 чаши вода (филтрирана или флаширана), една краставица, еден лимон, свеж ѓумбир и свежи листови од нане. Измијте го лимонот, исечето на половина, извадете ги семките, потоа исечете го на кришки и ставете го водата. Кората не се лупи, ниту сокот се цеди во водата. Излупете ја краставицита, исечете ја во кругови и додадете ја во водата. Следат неколку ливчиња свежо нане (8 до 12) и парче ѓумбир претходно излупен и изрендан. Измешајте, поклопете и ставете во фрижидер. Се конзумира следниот ден, секојпат кога ќе почувствувате жед. Повторете го ова 4 дена по ред доколку сакате да забележите резутати.
Нема коментари