На 7 декември, во 18 часот, во галеријата Вива во Виена, ќе биде отворена изложбата на современ накит DIFFERENCES на авторите Јана Ацевска и Глигор Кузмановски од Македонија, и на Симеон Шомов од Бугарија.
Изложбата е спој на тројца дизајнери на современ накит од две земји кои творат и експериментираат со различни материјали.
Звучи хаотично! Да, но и одлична комбинација во исто време.
Сличностите и различностите се алката која ги поврзува тројцата автори во една креативна приказна. Секој од нив со својот специфичен израз предизвикува различни чувства.
Три посебни светови, сплотени во еден простор со нивниот уникатен израз. Дали различностите треба да ги разделат луѓето?
Секое парче накит е засебен експеримент кое ја раскажува својата приказна и не води на посебно доживување.
Нема коментари