• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Дигитално издание на Моден викенд Скопје со домашни дизајнери и странски брендови

Од stylist @StylistMKD · На мај 15, 2020

01 COVER

Новите колекции од учесниците на дваесет и првата сезона, ексклузивно ќе бидат презентирани од денеска на социјалните мрежи, со премиера на снимените видеа и фотографии во партнерство со Skopje City Mall 

Ветерот носи убаво време. Време за блесок и процут. Време за љубов и надеж. Време за полет и подем. Под слоганот „FWSK goes DIGITAL“, најголемиот моден настан во градот ја започнува втората декада oд постоењето во едно сосема поинакво руво, следејќи ги во чекор актуелните тенденции од метрополите ширум светот.

Дваесет и првата сезона на Моден викенд Скопје е конципирана како мултимедијален проект во дигитално издание, па наместо од редовите во публика, широката јавност сега има шанса виртуелно да го проследи и од своите домови. Организацискиот тим на манифестацијата за секого од учесниците направи промотивни видеа и едиторијални фотографии, пружајќи им максимална поддршка на домашните дизајнери во моментот.

Нивните колекции „оживеаа“ во футуристичко-индустрискиот амбиент на кровот од трговскиот центар Skopje City Mall,чии продавници за странски луксузни брендови дополнително ја збогатија програмата со разнолична понуда на облека и аксесоари за пролет и лето. Што сè може да очекуваат модните сладокусци и љубителите на уникатни парчиња, во деновите кои ни претстојат на социјалните мрежи Instagram и Facebook, или, пак, на официјалниот YouTube канал на МВСК?

EVGENIJA ZAFIROVSKA

Прва под синото и сончево небо над Скопје блесна колекцијата „White Stone“ so потпис на Евгенија Зафировска. Изработенa е од природни материјали, а надополнетa со чипка  и елементи од рециклиран материјал. Преовладуваат белата и светлите бои, со микс на геометриски образци и простор за создавање чувство на проток и нежни струи. Во креациите на македонската дизајнерка со љубљанска адреса е постигнат совршен баланс помеѓу архитектурата и природата. Инспирација за нивната грациозност и одржливост претставува белиот брачки камен од кој е изградена Диоклецијановата палата.

BLERTA OSMANI

„Vibrant Muse“ е називот на колекцијата од младата и талентирана Блерта Османи,  инспирирана од мексиканската култура, уметноста и воодушевувачките автопортрети на Фрида Кало. Палетата на бои, како и везовите и цветните дезени на креациите, автентично ја отсликуваат мексиканската традиција и самата уметница, феминистичка икона и муза на стилот.

TERZIYA

Новата колекција на накит и облека од брендот Terziya го опишува екот на минимализмот во вечерните изгледи кон крајот на седумдесетите години во Њујорк. Накитот е дваесет и четири каратна позлата со жолто злато изработена во Бразил со полудраги и драги камења од проверено потекло, надополнет со кожа од питон на одредени примероци и природни кристали. Оваа колекција накит гаи посебна естетика на безвременска елеганција, истовремено носејки ги благодетите на природните камења. Начинот на изработка дозволува камењата да бидат во постојан допир со вашата кожа, со цел да  го почувствувате влијанието и енергијата на каменот што сте го одбрале.

STEFANIJA NASESKA

По речиси половина деценија отсуство од нашата сцена, дизајнерката Стефанија Насеска приреди сензационален камбек на Моден викенд Скопје. Нејзината повратничка колекција со наслов „Candy Love“ e визуелна ода за љубовта во пастелни нијанси. Најзастапена е розовата боја во комбинација со шаренило од слатки и нежни тонови кои будат чувство на радост. Посветена е на убавите моменти во животот, а носи една и единствена порака: Ширете љубов!

KTN

Модното ателје KTN на сестринското трио Ангелина, Ива и Сандра Китановски, пак, дебитира на настанот со „FemmEPIRE“. Следејќи ја француската нота на кројот, колекцијата гласно говори за добро позната состојба на духот, каде со едноставен спој на црното и белото се слави женската силуета и женскиот потенцијал. Елеганција забележана како танцува помеѓу стиловите: ниедна империја не е создадена за еден ден. Но тој ден, е денес.

GUESS

За пролет-лето 2020, инспирацијата за Guess колекцијата доаѓа од ултра гламурозниот Беверли Хилс. Моделите се во пастелни тонови со изразена силуета, полни со енергија и разиграност. Кај мажите пак, боите се јаки, кроевите храбри со доза на ретро елементи и интересни принтови за свеж, младешки изглед. Од оваа сезона во рамките на Skopje City Mall, љубителите на брендот Guess ќе имаат можност да ја посетат првата моно бренд продавница во која се застапени колекциите на Guess Jeans и Marciano. Освен женската, отсега достапна е и машката Guess jeans колекција.

SIGMA JEWELRY

Брендот за ексклузивен италијански накит SIGMA Jewelry, одново мами воздишки со новата префинета колекција за тековната сезона. Сите припаднички на понежниот пол со истанчен вкус за аксесоари, несомнено ќе се вљубат на прв поглед во раскошните сетови ланчиња, обетки и прстени, затоа што му даваат исклучително благородна нота на севкупниот изглед.

MAGNETIK GALLERY

Најголемиот луксузен мултибренд во Skopje City Mall, Magnetik Gallery се претстави со гламурозни и екстравагантни парчиња од своето портфолио на врвни брендови: Max Mara Studio, Max Mara Leisure, Marella, Weekend Max Mara, Sportmax, Liu Jo, Patrizia Pepe, PINKO, Joseph Ribkoff и Paul&Shark. Новите сезони ни носат нови модни трендови, меѓу кои комбинирањето на спортско со елегантно, со најголем фокус на впечатливите патики како клучно парче во секоја комбинација. Деним јакна во комбинација со лежерен свилен фустан. И секако спортски гламур како трендот кој допрва ќе се истакне.

BACKSTAGE 02

Извршен продуцент на дваесет и првото дигитално издание на Моден викенд Скопје е Света Богова Јовановска. Видеата се дело на Кристијан Шемко и Марина Трајковска, додека автор на музиката е Gloomié. Екипата што придонесе кон успешна реализација на проектот ја сочинуваат: Милан Атанасов, Мајкл Шемкоски, Дамјан Корубин, Виктор Цветановски и Александар Петрушев.

Моделите се дел од модната агенција Podium. За нивниот изглед се погрижија тие индивидуално, почитувајќи ги мерките за социјална дистанца. Убавите фризури им ги овозможи козметичката линија за коса од Revlon Professional, додека за прекрасната шминкасе заслужни продуктите за убавина од Farmasi во соработка со стилистката Марија Лазарова.

За мекост и свежина на облеката како никогаш порано, Моден викенд Скопје ја препорачува колекцијата на Lenor, со која перењето алишта е најдоброто искуство што некогаш ќе го имате.

BACKSTAGE 03

 

GuessKTNMagnetik GallerySigma JewelryTerziyaБлерта Османидиитална кампањаЕвгенија Зафировскамакедоданска модамакедонски дизајнериМоден викендМоден викенд-СкопјеСвета Богова ЈовановскаСтефанија Насеска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Insta моден монитор

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

  • адвоа и кесева абоа моден монитор

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

  • 1 моден монитор

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • адвоа и кесева абоа

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

    јануари 18, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics