Модната куќа Диор ја претстави рекламната кампања за пролетната колекција, а во која се спојуваат модата и уметноста. Се забележува естетиката на Караваџо, кој во своите слики прикажуваше иновативен облик на реализам и интензивна употреба на кјароскуро, техника на контраст на темнина и светлина, а кои подоцна влијаеа на развојот на барокното сликарство. Во тој манир се и фоторафиите на Елина Кечичева, позната по единствениот пристап на користење сценско светло, а која што ја потпишува фотосесијата за пролетната кампања на Диор.
Нема коментари