„Диор“ ја претставува новата линија на шминка наречена Dior Backstage, во која креативниот и имиџ директор на брендот Питер Филипс прави преобразба на „Диор“ шминката и пласира производи по подостапна цена. Филипс открива дека линијата е инспирирана од работата во бекстејџот на модните ревии, а во перидот додека се промовираат производите, „Диор“ бренд амбасадорот Даниел Мартин употреби дел од колекцијата за да ја комплетира шминката на Меган Марк на нејзината кралска свадба со британскиот принц Хари.
Ѕвезда на линијата Dior Backstage е течната пудра која доаѓа во 40 нијанси, а има и палета за контурирање дизајнирана од Бела Хадид, манекенката која е заштитно лице на линијата. Креирани се и голем избор на палети на сенки за очи, руменила, хајлајтери и кармини. Има и маскари, четки за шминкање и производи за обликување на веѓите.
„Со Dior Backstage сакам секој да има пристап до мојата стручност. Мојот тим мора да биде способен да работи секаде и понекогаш во хаотични услови пред модна ревија. Секој комплет на шминка не треба само да биде алатка за опстојување во тие услови, туку во исто време да ги задоволи сите потреби на сите жени. И тоа сакам да го постигнам, да ја редизајнирам шминката да одговара и на професионалните шминкери и на жените кои сакаат професионален резултат со интуитивни производи и алатки лесни за користење. Овие производи се ефикасни, обезбедуваат професионален резултат, но се лесни за примена“, вели Питер Филипс.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари