Големите модни куќи вообичаено секое лето отвораат поп-ап продавници во монденските градови, како и ланското лето Диор претстави привремен бутик на островот Ибица. Во минималистички уредениот простор лоциран на Марина Ибица, може да се најде капсулната колекција наменета за летување, Dioriviera, односно маици, костими за капење блузи со линии, визири, марами, алки, верзија на познатата Dior Book Tote торба, кои се посветени на Ибица и на кои пишува J’Аdore Ibiza. Достапни се и други колекции и разни модни додатоци.
Нема коментари