Што би направиле за љубовта?, ова е прашањето што „Диор“ им го поставува на амбасадорите на брендот во новата кампања #DiorLoveChain. Во неа учествуваат Натали Портман, актуелна со рекламата за новиот парфем Miss Dior Eau de Parfum, потоа Џенифер Лоренс, Џони Деп, Шарлиз Терон, Ријана и Роберт Патисон кои промовираат делови од брендот. Се приклучија и Бела Хадид, Кјара Ферањи, Карин Ројтфелд, Камила Коељо, познати франнцуски личности, танчери, студенти, музичари, модели…
Целта на оваа „верижна“ кампања е секоја личност да одговори на прашањето што би направиле за љубов и да ги поттикне своите пријатели и најблиски да го прошират синџирот. Со секој одговор означен со#DiorLoveChain постиран на Instagram , Twitter или Weibo, Dior Parfums „Диор“ ќе донира по еден долар за хуманитарниот фонд WE Organization кој помага на луѓето во земјите во развој. Оваа кмапања поконкретно е фокусирана на прашањата за образование, медицина и пречистување на водата во Кенија.
Кампањата трае до 31 декември оваа година, а „Диор“ дополнително ќе донира уште 250.000 долари. Најдобрите објави од кампањата ќе бидат прикажани на интернет страницата на брендот, како и на меѓународната ревија што ќе се одржи во Шангај во 2018 година.
Нема коментари