Ресторанот и бар Дистрикт во Скопје Мериот хотел, од своето отворање, за многу кратко време израсна во омилената локација и место за пладневно кафе, ручек со пријатели или пак романтична вечера. Сепак, овој ресторан е подеднакво погодно место за организирање на настани од различен вид.
Со ентериер што остава впечаток на екстравагантност и уникатност, многуте детали и орнаменти што го збогатуваат просторот – сето тоа создава еден модерен, стилски уреден простор и амбиент соодветен за различен тип настани.
Со ентериер што остава впечаток на екстравагантност и уникатност, многуте детали и орнаменти што го збогатуваат просторот – сето тоа создава еден модерен, стилски уреден простор и амбиент соодветен за различен тип настани.
Ретко кое јавно место со помош на автентичниот ентериер има изградено сопствен концепт кој што е прилагодлив и доста погоден, посебно за организирање деловни состаноци, неофицијални бизнис средби, деловен ручек или мали корпоративни презентации.
Самиот ресторан има капацитет од 120 гости. Флексибилноста на ресторанот Дистрикт се зголемува со можноста за составување мени според желбите и потребите на гостите. Искуството стекнато во голем број светски ресторани на Шефот на кујната и неговиот тим, ќе овозможат создавање на ретко и уникатно мени, соодветно на секаква намена. Самиот концепт на ресторанот изграден врз принципот создавање на пријатно и релаксирано место, како и професионалноста на персоналот, овозможуваат организацијата на средбите и настаните од секаков тип, да помине лесно и совршено.
Нема коментари