Третото издание на Интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ вчера под насловот TransformatiON беше отворено во Младинскиот културен центар, а активности има денес и утре (недела, 12 јуни). Фестивалот почна со откривање на главната уметничка изложба, проекција на видеоинсталации, и неколку музички и данс перформанси.
Повторно е актуелен изложбениот дел посветен на модата, дизајнот на накит и ракотворби, каде се претставуваат „Еклектика“, Илина Поповска, Катерина Микрут, Farina’s handmade, Еми Норис и други автори на накит, облека, мебел и предмети за домот.
Нема коментари