Модниот дизајнер Пјер Карден, кој почина на 29 декември 2020 година, неколку децении беше сопственик на футуристичката вила наречена Palais Bulles (Палата од меури) на ридовите над Кан, на југот од Франција, необична градба составена од повеќе сфери во црвено-кафена нијанса.
Изградена меѓу 1975 и 1989 година од страна унгарскиот архитект Анти Ловаг, палатата има 27 сфери, десет спални соби, органски кружни форми организирани на 1.300 метри квадратни, како и неколку базени и амфитеатар со 500 места и спектакуларен поглед на Средоземното Море. Собите и ходниците се кружни, а прозорите овални и конвексни прозори. Со својот футуристички дизајн оваа куќа комплетно одговараше на сензибилитетот на легндарниот Пјер Карден, еден од понерите на футуристичката мода. Иако била градена за друг клиент, тој во 1989 година ја купил сферната вила, а меурестата палата во 2015 беше ставена на продажба за вртоглави 200 милиони фунти.
Дизајнерот на ова место организирал многу забави и модни презентации, а токму во Palais Bulles Раф Симонс во мај 2015 година ја ја прикажа ресорт-колекција на „Диор“ . Во една од најубавите куќи на планетава пред две години летуваше и францускиот дизајнер Симон Жакемус.
Меурестата куќа брои 1.300 метри квадратни, во неа има десет апартмани кои носат име на познати сликари, а околу вилата се организирани мали градини и базени поставени на различни нивоа. Градбата е направена од 28 сфери кои се изградени од лесни мрежи и шипки прелиени со бетон, а наместо традиционалните материјали како дрво и метал, за ентерерот се користени пластика, пена и полиестер. Иако изградена пред само неколку децении, француското Министерство за култура ја заштити меурестата палата како историски споменик.
Нема коментари