• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Александра Шекутковска, Јасмина Главинчe и Глигор Кузмановски ги дизајнираа статуетките за наградите на Stylist.mk

Од stylist @StylistMKD · На април 10, 2014

Статуетката за најдобра колекција специјално за ова издание на „Stylist.mk наградите“ ја направи архитектата и  дизајнерка на накит Александра Шекутковска. Наградата за најнадежен дизајнер ја создаде  Јасмина Главинче, која работи под брендот за накит WIZART, а уникатното признание за најдобра манекенка го изработи Глигор Кузмановски

Александра Шекутковска

Александра Шекутковска - дизајн на статуетката за најдобра колекција на наградите на Stylist.mk

Младата архитектка и дизајнерка на накит од плексиглас, позната по својот бренд Laser Cut Design Laboratory,  Александра Шекутковска, за приказната зад статуетката за најдобра колекција на наградите на Stylist.mk вели:
-При изработката на  статуетката инспирира концептот дека процесот е некогаш поважен од резултатот. Процесот на материјализирање на идејата, она што е во позадина на создаденото дело. Фигурата претставува обединување на процесот и дизајн алатките. Дизајн алатките може да се сметаат и за ретроактивен процес, можат да се аплицираат и по завршетокот на одреден предлог за дизајн. Создавањето на такви алатки е важно за да може да се кондензира есенцијата на концептот во разбирлива идеја. Секој од пресеците содржи дијаграм кој последователно го раскажува процесот од невидливото до целината. Во последниов период во студиото се трудам да користам природни материјали. Дијаграмите се изработени на пресеци од дрво, ласерски исечени, врамени со централно носечко парче од плексиглас. Предложениот дизајн во себе ја носи мојата сопствена идеја за тоа што треба да претставува најдобрата колекција, во нејзе е врамен процесот на раѓање и развиток. Нејзинот почеток и нејзинот (бес)крај.
Александра Шекутковска има дипломирано на Архитектонскиот факултет во Скопје. Своето искуство го гради во неколку архитектонски студија во Скопје и Цирих. Во 2009 година ја основа Laser Cut Design Laboratory, концептуално дизајн студио за истражување и експерименти во современиот дизајн. Делата се изложени на повеќе индивидуални и групни изложби помеѓу дисциплините архитектура, уметност и дизајн. Во септември 2012 ги завршува напредните мастер студии за Урбан дизајн во територии во развој на ETH Zurich. Во текот на програмата работи на проекти за урбан развиток на Рио и Сао Паоло. Дел е од тимот кој ја изработува публикацијата Cidade de Deus: Working with informalised mass housing, добитник на Книга годината во категорија урбани студии ДАМ награда. Во моментов работи на проекти од областа на архитектурата и урбанизмот, со периодични истражувачки и продуцирани дизајн проекти.

 

Јасмина Главинче

Јасмина Главинче – дизајн на статуетката за најдобар млад дизајнер на наградите на Stylist.mk

Основен двигател во процесот на реализација на секој мој дизајн за креативката Јасмина Главинче, е предизвикот, особено кога се работи за нешто што го прави за прв пат.
-Отсекогаш сум сакала да експериментирам, да испробувам нови техники и материјали. Оваа прилика, прва од ваков тип, ми го овозможи баш тоа, од „непознато“ да создадам нешто допирливо и функционално. Во процесот на истражување и развојот на многуте идеи кои ми се вртеа во глава, сфатив дека една од најважните работи кои треба да ги знае еден млад моден креатор е кроењето. Веднаш се сетив на „Бурдите“ од мајка ми и додатокот од огромно парче хартија со шнитови/ шеми за кроење. Следниот чекор беше, како од тоа парче хартија да направам статуета? Како да се симплифицира идејата и како да го доловам графичкиот приказ на шемите. За материјалот/плексигласот се одлучив највеќе поради неговата едноставност и практичност, а го искомбинирав со конец за да ја „омекне“ неговата крутост и поблиску да се долови идејата. Бев сигурна дека на добитникот на наградата ќе му е многу драга и ќе сака да ја чува засекогаш во својот дом, па дури и постаментот го направив монтажно, за да може лесно да ја транспортира кога ќе стане светски познат.
Јасмина Главинче, која е родена во Охрид, има дипломирано на Факултетот за историја на уметност и археологија, а зад себе има работно искуство како туристички водич, дизајнер на накит и сувенири, и работа како сценограф на филмски сетови. Таа е еколошки освестена и мултидисциплинарна дизајнерка. Во 2011 година го основа своето креативно студио WIZART со цел да ги спои световите на урбаниот живот, уметноста и природата.WIZART е занаетчиска работилница која се занимава со производство на еко-пријателска, садлива хартија. Паралелно изработува накит од повеќе материјали и во различно техники: хартија во комбинација со жица, дрво, плексиглас, кожа, глина и друго. Редовно учествува на изложбите на накит, креативните работилници и на базарите за рачна изработка. Последен во низата ангажмани беше изработката на обвивката за компилацијата „Некои девојки“ на „Ако никој не свири“ и МКЦ.

 

Глигор Кузмановски

Глигор Кузмановски – дизајн на статуетката за најдобра манекенка на наградите на Stylist.mk

Дизајнерот на накит од дрво, Глигор Кузмановски, за искуството и инспирацијата при изработката на статуетката за најдобра манекенка на наградите на  Stylist.mk вели:

- При дизајнирањето на моите креации приказната што ми ја раскажуваат клиентите му ја шепнувам на дрвото. Така, беше и кога ме поканија од Stylist.mk да изработам една од статуетките за модните награди. Бидејќи најчесто изработувам накит, и сум постојано во контакт со дамите некако најприродно ми беше да ја создадам статуетката за најдобар модел. Дадов свое видување на женската убавина, претставувајќи ја преку еден од најубавите делови на женското тело – нозете. Уникатот го изработив од орев со техника на брусење. Ова е прва статуетка наменета за некакви награди што се создава во моето ателје, и за мене беше интересно и инспиративно иксуство.
Глигор Кузмановски има дипломирано на Факултетот за историја на уметност и археологија. Изминатите четири години се занимава со дизајн на накит од дрво, а има изработено и неколку слики. Досега има соработувано со познатата дизајнерка Росица Мршиќ на две нејзини колекции. Изработи уникатни ѓердани и брошеви инспирирани од природата за колекцијата есен-зима 2011/12, како и накит (обетки, прстени, алки и ѓердани) мотивиран од африканските племиња за линијата пролет-лето 2012 која беше презентирана на Модниот викенд-Скопје. Има учествувано на повеќе базари, групни изложби и хуманитарни настани.

Stylist.mk наградиЈасмина ГлавинчеАлександра ШекутковскаГлигор Кузмановски
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics