
„Концепт 37“ беше преполн со љубители на концептуланата мода и уметност (Фото: Stylist.mk)
Модни додатоци, накит, облека, украси за домот и фотографии создадени од 15-тина македонски креативци беа дел од донаторската изложба вчеравечер во скопскиот локал „Концепт 37“. Настанот, со кој беше одбележан Светскиот ден на гушкањето, привлече неколку стотици љубители на концептуалната мода.

Дел од учесниците на „Дизајнирани прегратки“ (Фото: Stylist.mk)
„Дизајнирани прегратки“ e настан во организација на „Млади за љубов“, кој ги обедини Ирина Тошева, Преплет, Ind Og, Нина Симовска – Just because, „Омајгад“, Hard to explain atelier, Флим, Тхе Мичо, Design & berries, Наке Батев, Ивана Батев, Фросина Илиевска, Стефани Павловска и Филип Конески. Тие понудија креативни изненадувања за дар од срце, по симболична цена за помош на продавачите од „Лице в Лице“. За убавата атмосфера се погрижија диџеите Game Over и Чваре.

Креаторката Ирина Тошева со години е дел и од кампањата „Гратис фушкање“ (Фото: Stylist.mk)
Младинската организација „Млади за љубов“, во рамките на своите активности веќе пет години успешно ја спроведува кампањата „Гратис Гушкање“ со работен концепт базиран на тимска работа која тргнува од мотото „повеќе љубов за луѓето”.

Накит од Нина Симовска
„Лице в лице“ е дел од платформата за активизам, во чии рамки излегува истоименото улично списание на македонски јазик. „Лице в лице“ е независен медиум кој излегува еднаш на два месеци на улиците на Скопје, а го продаваат исклучиво најзагрозените, маргинализирани сограѓани.

Маица со принт од Горан Костовски – Ind Og
Нема коментари