• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

Од stylist @StylistMKD · На март 3, 2026

??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Во периодот од 21 до 30 март 2026 година, Северна Македонија ќе биде домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“, која ќе обедини десет истакнати модни дизајнери од нордиско-балтичкиот регион и Северна Македонија. Обединети околу заедничката заложба за одржливост како долгорочна и суштинска практика, учесниците ќе создадат платформа за креативна размена, иновација и културен дијалог.

Учесници – дизајнери: Ане Шарлинг Тофт (Данска / Норвешка), Ана Рингстад (Норвешка), Јустина Семченкаите (Литванија), Тува Самуелсон (Шведска), Мико Пелтонен и Билел Сехли – HÄN (Финска), заедно со дизајнери од Северна Македонија – Андреа Атанасова, Ивона Мицановска, Ева Давкова, Марија Роглева и Солза Поповска. Ментор на резиденцијата е Ирина Тошева (Северна Македонија).

Проектот е организиран од Амбасадата на Шведска во Северна Македонија, во партнерство со Канцеларијата на Амбасадата на Литванија во Северна Македонија, Амбасадите на Данска, Финска и Норвешка во Србија и Македонското модно здружение, со поддршка од Нордискиот совет на министри.

-Амбасадата на Шведска во Скопје со гордост ја иницираше иницијативата што ги поврзува младите креативци од Нордиските, Балтичките и Балканските земји, со цел да поттикне промени за поголема одржливост во модната индустрија. Модните дизајнери отсекогаш биле на челната линија на иновациите и инспирацијата за идните генерации – преку оваа иницијатива ќе покажеме дека одржливоста и „зелените“ практики се современи, модерни и вистински насочени кон иднината -изјави Ола Сулстром, амбасадор на Шведска во Северна Македонија.

Осмислена како интензивна и интеркултурна програма, резиденцијата комбинира онлајн подготвителна фаза со деветдневен престој во Северна Македонија. Преку заедничко истражување и практична креација, учесниците ќе ги истражуваат одржливите модни практики засновани врз еколошка одговорност, културно наследство, занаетчиство и современ дизајн.

Програмата вклучува курaторно патување низ Северна Македонија, поврзувајќи ги дизајнерите со локални занаетчии, традиционални техники на изработка и текстилни производствени капацитети. Дополнително, ќе се реализираат едукативни работилници во локални училишта со цел поттикнување на свеста за одржливост и креативна одговорност кај младите.

Резиденцијата ќе кулминира со заеднички креирана капсулна колекција и селектирани уметнички објекти, развиени преку соработка помеѓу нордиско-балтичките и македонските дизајнери. Финалните дела ќе бидат претставени преку изложба во рамки на Моден Викенд Скопје, кој ќе се одржи во периодот 27-29 март, 2026 година, истакнувајќи го трансформативниот потенцијал на одржливата и прекугранична соработка.

-Веруваме дека иднината на модата се создава преку соработка, храброст и одговорност. Оваа резиденција не е само креативна средба, туку простор каде различни култури, идеи и вредности се спојуваат за да создадат нова, поодржлива модна приказна за регионот и Европа – изјави Светлана Богова Јовановска, претставник на Македонското модно здружение.

Со оваа иницијатива, резиденцијата има за цел да инспирира и охрабри нова генерација дизајнери од Западен Балкан активно да придонесат кон создавање позелена и поодговорна модна индустрија — индустрија длабоко втемелена во културниот идентитет и зајакната преку меѓународна соработка.

(ПР објава)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 8martovski bazar моден монитор

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

  • sienna моден монитор

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

  • ????????????????????????????????????????????????????????????? моден монитор

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics