Четириесет и две влијателни модни куќи и дизајнери креираа платнени кукли за новата кампања на УНИЦЕФ , во рамките на 11. по ред издание на иницијативата Les Frimousses (мали лица). Во проектот има 93 кукли со поптис на моќни брендови како „Шанел“, „Ланвин“, „Долче и Габана“, „Диор“, а има и модели од водечките дизајнери на ентериер.
Куклите ќе бидат изложени во Париз од 26 ноември до 1 декември, а наредниот ден ќе бидат понудени на аукција. Средствата собрани на наддавањето ќе бидат вложени во хумани цели, за да се помогне вакцинацијата на децата во регионот Дарфур во Судан.
Ланската аукција почна со лицитации од 500 евра, што можеби е скапо за платнена кукла, но истовремено е релативно ниска цена за ваков вид на хумани акции.
Нема коментари