Во среда, 1 ноември, со почеток во 20 часот во Intermezzo Music Bar во Скопје ќе се одржи добротворна модна аукција на дизајнерски облека на 12 истакнати домашни дизајнерки и дизајнери кои ја поддржаа кампањата „Денови за донирање” и донираа прекрасни модни дела за овој настан.
Филантроп(к)и и вљубеници во модата ќе имаат можност да се наддаваат за омиленото парче и со тоа да допринесат подобар живот во нашите заедници. „Сите средства ќе се вложат во донаторскиот фонд на здружението „Конект“ за организации што посветено и транспарентно работат на промена во животите на нашите сограѓани за подобра едукација, достоинствена работа, вклученост на најранливите и добро здравје“.
На аукцијата присутните ќе се наддаваат за креациите на Силвија Михајловска – Алшар, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, Росица Мршиќ, Никола Булески, Ирина Тошева, Тања Кокев, Симон Ендровски (Bella), Катерина Тошева, Наталија Терзија, JZJ –Златко Јовановски и Milkbrides.
Модната аукција е дел од кампањата „Денови за донирање“ на „Конект“ во рамки на УСАИД проектот „Партнерства за донирање“. Водителка на настанот е Ирена Спировска, а аукцијата ќе ја води гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање” Огнен Јанески.
Формулар за учество на аукцијата – ОВДЕ.
Линк до каталогот со модните креации од аукцијата – ОВДЕ.
Нема коментари